Вашингтон: САД ќе го поддржи Зеленски доколку започне преговори со Русија
САД имаат намера да го поддржат Володимир Зеленски доколку тој одлучи да започне преговори со Русија за мирно решавање на конфликтот, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
„Доколку Зеленски одлучи да влезе во преговори, ние, се разбира, ќе го поддржиме“, рече Милер.
Во исто време, тој додаде дека Вашингтон нема намера да му наметнува никакви рокови на Зеленски за стапување во дијалог со Москва.
„Меѓутоа, на крајот на денот, останува на него да ја донесе таа одлука, а не на нас. Во исто време, не гледаме никакви индикации дека раководството на Русија има намера да ги прекине борбените операции“, рече Милер.
Тој исто така додаде дека САД имаат намера да ги искористат сите средства наменети за потребите на Украина до крајот на мандатот на администрацијата на претседателот Џозеф Бајден.
Зборувајќи за замрзнатите руски средства, Мулер рече дека Вашингтон, исто така, „планира да ги искористи“ пред крајот на мандатот на актуелната претседателска администрација.
Зеленски претходно во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека прекинот на меѓусебните напади врз објектите на енергетската инфраструктура ќе помогне да се стави крај на активната фаза на конфликтот во Украина. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментирајќи ја оваа изјава на шефот на режимот во Киев, истакна дека сè уште нема сериозни предлози за решавање на украинскиот конфликт и дека се е ограничено на медиумските извештаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…