Објавено на:

Вашингтон ја потврди смртта на Марван Иса: Загина третото најважно лице на Xамас

t

Израел тврди дека го елиминирал и третото најважно лице на палестинската терористичка група Хамас. 

Вашингтон ја потврди смртта во операцијата на заменик-шефот на военото крило на „Хамас“ Марван Иса. Тој е највисокиот претставник на палестинското исламистичко движење убиен од израелската армија во Појасот Газа од почетокот на војната пред речиси половина година.

Израелската армија објави дека убила десетици палестински борци и уапсила повеќе од 200 луѓе во голема операција вчера во најголемиот болнички комплекс во Појасот Газа – болницата „Ал Шифа“, пренесоа француските медиуми. Стотици цивили беа принудени да ја напуштат областа.

„Елиминиравме повеќе од 20 терористи во болничкиот комплекс и над 20 во областа околу болницата“, изјави портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари. 

Министерството за здравство во Појасот Газа извести за „десетици убиени и ранети, од кои повеќето цивили, во операцијата на израелската војска во болницата „Ал Шифа“, но не даде точни бројки. Американскиот државен секретар Антони Блинкен оваа недела ќе го посети Блискиот Исток, соопшти Стејт департментот.Неговата посета е во рамки на напорите на Вашингтон да посредува за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа.

Од 7 октомври досега загинаа над 31.000 Палестинци. Хамас на 7 октомври лани изврши напади на Израел и војната уште трае. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…

Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…