Вајмарската тројка денеска ќе разговара со пратениците во Собранието

t

„Вајмарската тројка“ е во дводневна посета на земјава, а во текот на денешниот ден се очекува да го посети Собранието.

Тројката составена од државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Франција, Лоренс Бун, германската министерка за Европа, Ана Лирман, и министерот за европски прашања на Полска, Шимон Шинковски вел Сенк, во парламентот ќе се сретнат со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Исто така, се очекуваат средби и со координаторите на пратеничките групи.

Во текот на дводневната посета вајмарската тројка вчера се сретна со државниот врв и со претставници на политичките партии.

Тие повикаа сите политички сили во Северна Македонија да ги поддржат уставните измени и посочија дека нови барања ќе нема. 2030 година, според нив, е реална цел за членство на земјава во ЕУ, но затоа сега е моментот да се преземе одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама за победата на Студентската листа: Србија…

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…

Руската вакцина против рак даде резултати, кај…

Првиот пациент кој ја прими руската персонализирана…

Расте бројот на загинати во верижниот судир…

Бројот на загинати во тешките верижни судири…

Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…

Бугарија презема нови чекори за модернизација на…

Стотици луѓе на улиците во Атина поради…

Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…