ВД американската амбасадорка Варнс на средба со државниот јавен обвинител Савески

t

Јавниот обвинител на Ненад Савески денеска оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата на САД во земјава Никол Варнс, со која разговараше за приоритетите од аспект на подобрување на работата и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство.

Савески се заблагодари за континуираната американска поддршка за унапредување на целокупниот систем за владеење на правото, а особено за функционирањето на Јавното обвинителство и за воспоставувањето и опремувањето на истражните центри во обвинителствата.

Варнс му честиташе за изборот на Савески на највисоката јавнообвинителска функција во државата, нагласувајќи дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат реформите и активностите кои придонесуваат за јакнење на јавнообвинителскиот систем.

Договорено е во следниот период поддршката да продолжи и преку обуки и размена на искуства за јакнење на транспарентноста на Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…

ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…

) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…

ПОЛСКА ИСПРАЌА МОБИЛИЗАЦИСКИ ПОВИЦИ: Во случај на…

Полска ги засилува организациските подготовки за евентуална…