Вевчанец со пушка пукал во домашни кучиња додека шетале со сопственикот
Шеесет и седум годишен вевчанец синоќа бил приведен во полиција поради пукање со воздушна пушка кон кучиња, домашни миленици.
СВР Охрид денеска соопшти дека пушката била одземена, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта, синоќа во 20 часот и 30 минути во Вевчани, од слобода го лишија П.П.(67) од Вевчани. Тој се сомничи дека околу 18 часот, со воздушна пушка пукал кон кучиња, домашни миленици сопственост на Г.М. од Вевчани, кои на улица биле во придружба на сопственикот, информира портпаролот Стефан Димоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…