Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од манифестацијата поради трагедијата која го потресе градот

t

Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од оваа манифестација поради загинувањето на млад жител на Вевчани, соопшти денеска градоначалникот Спасе Кочовески.

-Трагедијата што се случи сношти во Вевчани, сообраќајна несреќа, погина млад член на Вевчани, жител на Вевчани. Улиците на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат. Вечерашниот концерт е откажан. Вевчани овој ден го чека цела година, меѓутоа, не на ваков начин, изјави Кочовески.

Градоначалникот на Вевчани истакна дека претпладнево имале средба со вевчанските друштва и дека дефилето ќе се одржи во некоја минимална форма.

– Утрово маскирано лице не забележавме, не било никогаш вака, рече Кочовески и додаде дека рестораните ќе работат без музика.
Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека не го препознава Вевачни вакво и изрази жалење и сочувство до фамилијата на младото момче.

-Јас, за жал, знам како изгледа таа болка. Цела ситуација е неизвесна. Тоа што ќе го одлучат граѓаните на Вевчани, денеска да се случува, тоа и ќе се случува. Наредната година, традицијата ќе продолжи понатаму. Се надевам вакви немили настани повеќе нема да има, изјави министерката Костадиновска Стојчевска.

Како што објавивме претходно, Вевчани утрово го потресе голема трагедија. Во сообраќајна несреќа по полноќ почина 19-годишниот син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вевчани за Кочани! Граѓаните се собраа и…

И покрај сите притисоци за кои денеска…

Мирен собир за жртвите од Кочани вечерва…

Вчера повикавме на мирен собир денес да…

(Фото) Започнува Струмичкиот карневал, Костадинов го предаде…

Со предавање на клучот од Струмица, денеска…

Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…

Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…

Човек загина по удар од воз кај…

На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…