Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од манифестацијата поради трагедијата која го потресе градот

t

Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од оваа манифестација поради загинувањето на млад жител на Вевчани, соопшти денеска градоначалникот Спасе Кочовески.

-Трагедијата што се случи сношти во Вевчани, сообраќајна несреќа, погина млад член на Вевчани, жител на Вевчани. Улиците на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат. Вечерашниот концерт е откажан. Вевчани овој ден го чека цела година, меѓутоа, не на ваков начин, изјави Кочовески.

Градоначалникот на Вевчани истакна дека претпладнево имале средба со вевчанските друштва и дека дефилето ќе се одржи во некоја минимална форма.

– Утрово маскирано лице не забележавме, не било никогаш вака, рече Кочовески и додаде дека рестораните ќе работат без музика.
Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека не го препознава Вевачни вакво и изрази жалење и сочувство до фамилијата на младото момче.

-Јас, за жал, знам како изгледа таа болка. Цела ситуација е неизвесна. Тоа што ќе го одлучат граѓаните на Вевчани, денеска да се случува, тоа и ќе се случува. Наредната година, традицијата ќе продолжи понатаму. Се надевам вакви немили настани повеќе нема да има, изјави министерката Костадиновска Стојчевска.

Како што објавивме претходно, Вевчани утрово го потресе голема трагедија. Во сообраќајна несреќа по полноќ почина 19-годишниот син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од…

Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од…

Голема трагедија го потресе цел Балкан: Во…

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера…

Во Кривичниот суд продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

Трагедија во Турција: Тројца загинати во хеликоптерска…

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во…

Продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…