Велешанец лажно се претставувал како полицаец за да влегува и краде по домови

t

Притворен е четириесетиедно годишен жител на велешкото село Горно Оризари А.К. откако лажно се претставувал како полицаец и извршил неколку кражби.

МВР соопшти дека тој се сомничи дека во период 16/17.09.2023 од гаража во Велес одзел патничко моторно возило „цитроен ц3“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на А.Д.(60) од Велес и електричен алат.

Потоа, А.К. пред продавница во Велес лажно се претставил како полициски службеник, па од К.П.(50) од Велес одзел мобилен телефон и паричник со лични документи, банкарски картички и клучеви од неговиот дом.

– Потоа влегол во домот на К.П. во Велес и извршил пребарување, но не одзел ништо, а од пред куќа во Велес одзел мотоцикл „лонгија“ без регистарски ознаки, сопственост на Р.К.(45), кој подоцна е пронајден во близина на угостителски објект во Велес. По издадена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници извршиле претрес во домот на А.К., при што била пронајдена банкарска картичка на име К.П. и други предмети кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, наведува МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсена велешанка која се обидела да го…

Полицијата во Велес уапси 30-годишна велешанка поради…

Велешанка физички нападната во нејзиниот дом

71-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом…

Во автомобилот му наше бела грутчеста материја,…

МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…

Велешанец излегол на викенд од затвор, полицијата…

Велешката полиција привела затвореник, кај кого нашла…

Дал 50 илјади денари за уредување на…

Велешанец пријавил 31 годишен скопјанец дека откако…