Објавено на:

Велешанец му се заканувал на месар дека ќе го убие

t

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и неизвршување судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Велес.

– На 12 април, осомничениот, пред месарница на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес ја загрозил сигурноста на сопственикот на месарницата и уште две присутни лица, навредувајќи ги и заканувајќи им се дека ќе ги убие. Откако во постапка му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и забрана за приближување односно воспоставување и одржување контакти или врски со определени лица, осомничениот ваквото судско Решение не го почитувал, па на 4 мај повторно се приближил кон еден од оштетените и започнал да му се заканува, велат од ОЈО Велес.

Бидејќи постои опасност од бегство и поради фактот што определените мерки за претпазливост осомничениот не ги почитувал, јавниот обвинител му предложи на Основниот суд во Велес да ги укине мерките и на осомничениот да му определи мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомниченото лице му определи притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра…

Инвестициите во инфраструктурата се од клучно значење…

Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…

Кривична пријава за три лица од Велес…

Општинскиот огранок на СДСМ во Велес поднесе…

Тошковски се избрука: Наместо внатрешна контрола да…

Наместо да бараат одговорност од неовластени лица…

Во кое својство активисти на ВМРО-ДПМНЕ буричкаат…

Командирот на ТППЕ Велес заедно со заменик-градоначалникот…