Велешанец пронајден во тешка состојба на улица, починал во болница

t

Маж на возраст од 48 години вчера во утринските часови бил пронајден на улица во Велес во многу тешка здравствена состојба, по што бил донесен во велешката Општа болница.

Му била укажана прва помош, а но состојбата му се влошила, по што починал.

Од ЈЗУ Општа болница Велес за „Фокус“ велат дека пациентот бил во запуштена состојба, со повреда на главата и дезиориентиран.

-Од Одделот за Интерни болести пациентот беше преместен на хирургија, но состојбата му се влошила, и покрај вложените напори од медицинскиот тим, тој починал. Побаран е Јавен обвинител и телото е предадено на обдукција, ни изјави портпаролката на болницата, Марина Андова.

И од СВР Велес го потврдија случајот.

-На 14.01.2024 во 09.40 часот во СВР Велес било пријавено дека во Општа болница Велес во тешка здравствена состојба бил донесен В.С.(48) од Велес, кој набргу починал. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилстово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција – соопштија од таму.

Неофицијално, станува збор за бездомник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Омилената докторка на повредените е нова директорка…

Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова…

Наместо во благајна, парите завршиле во џеб:…

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…

Јавен апел: Сите повредени во пожарот во…

Сите повредени во пожарот кои биле на…

Пијан велешанец нападнал полицаец

На 13.05.2025 во 00.35 часот на улица…

(Видео) Катастрофална слика во битолската болница

Гледачи на Инфомакс до нашата редакција испратија…