Велешанка се обиде да го убие партнерот – уапсена е
Полицијата во Велес уапси 30-годишна велешанка поради „обид за убиство“.
– На 06.07.2026 во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен партнер. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица – информираа од МВР.
Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против Т.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „обид за убиство при семејно насилство“, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…