Велешкото обвинителство отвори предмет за негувателката што им давала електронска цигара на деца во градинка

t

Велешкото Обвинителство оформи предмет по допрен глас за да се проверат информациите дека негувателка во детската градинка „Димче Мирчев“ – Велес им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група.

„Во насока на испитување евентуални основи на сомнение за кривично дело запуштање и малтретирање дете, надлежен јавен обвинител издаде наредби и насоки до МВР за преземање дејства што вклучуваат да се извршат разговори со лица (вработени и родители) кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот“, извести Обвинителството.

Се преземаат и други дејства, а предметот е во фаза на предистрага.

Претходно, родители на неколку деца тврдеа дека негувателката им понудила на децата да пробаат од нејзината електронска цигара. Директорката на градинката потоа изјави дека негувателката е суспендирана и за неа се води дисциплинска постапка. Од друга страна, како што беше објавено, негувателката во писмениот исказ изјавила дека настанот се случил ненамерно и дека децата посегнале по цигарата без нејзино знаење, која сепак била оставена на дофат. Останува Обвинителството да истражи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…

Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…

Славески: Најдобрата опција е ова што го…

Најдобрата опција е ова што го правиме…

Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…

Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…

Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…

Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…

Народната банка организира превоз за клиентите на…

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…