Велибор и Боре посочиле дека таткото на Вања бил инволвиран во киднапирањето на неговата ќерка

t

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Пред малку пред судот сведочеше Дејан Димовски началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ претставник на одбраната на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски – вкрстено испитување на началникот Дејан Димовски

т – во вашиот изказ кажавте дека исчезнувањето како акт не е во ваша надлежност туку е во надлежност на пс центар но од колегата Музафер ви било посочено да се вклучите бидејќи од родителите било кажано дека девојчето било киднапирано, можеме ли да заклчиме дека сте заеле уште на 27ми дека во јавноста било објавено дека е исчезнато девојче со сомнеж дека е киднапирано?

обв – приговарам сведокот не рече дека е киднапорано

судија – се дозволува прашањето

д – знаевме дека е исчезнато, имало објава на Фејсбук, она кажал ваљда дека е киднапирано па го сменила Фејсбук статусот, ама немаше никакви индиции кои укажуваа дека девојчето е киднапирано или грабнато, никој не посочил никогаш

т- со оглед дека во вашиот исказ претежно доминира и акцентира александар, кажавте дека кога сте почнале да постапувате сте ги повикале родителите и сте разговарале со класната за да добиете претстава за профилот на родителите и девојчето. Оттаму, логично следи ова прашање, од каде извлековте заклучок дека девојчето избегало, за да ги, како што велите, претпоставка била да ги казни родителите, па оттаму како логика на нештата се наметнува ова вкрстено прашање

д – епа во тие разговори ние ги соголевме буквално, во однос на нивниот општествен, социјален и интимен живот, дали се случува и другпат да има сомнителни и нелогични однесувања на Вања, помеѓу другото добивме информација дека еднаш Вања се обидела, се самоповедувала сечела да си направи нешто со некој предмет, имало расправија, имало ситуација меѓу мајката и таткото, па му се налутила на таткото, живееле кај него, па се лутела се вратила , имало ситуации на несогласувања и многу добро памтам кога рече Миња дека сакаше нешто да си направи, се боцна со некаков предмет и Зорица рече да, да така беше. Можеби малата сакала да ги смири родителите па сакала да изчезне итн.

т – од тој разговор стекнавте ли впечаток дека се работи за грижливи родители?

д – да

т – кажавте дека сте преземале дејствија со лице од странство и може ли да ни појасните во која насока и на која возраст било тоа лице со кое сте преземале дејствија?

д – тоа лице како податок ни дојде и од мајката и од таткто, дека има некој виртуелен дечко за кој тие знаат, дури и мајката разговарала со него по интернет, кажав да не се повотрувам дека еднаш се скарале, тој ѝ се налутил зошто била со некој дeчко или обратно зошто он идел со некоја девојка, они биле поврзани и нивното друштво од децава што разговаравме ни кажаа дека често комуницира,а и нели ни дава тоа некаков траг сомнеж дека сакала да исчезне со него, а кога видовме исис знамиња уклучивме и друг аларм. Тој беше исто млад дали 18-20 години не знам точно да ви кажам

т- 14, на иста воздаст

д- добро

т – истражувавте ли евентуална инволвираност на Вања во ИСИС?

д – не, далеку од тоа

т – кажавте дека за возилото се знаело претходно дека е исчезнато, пред 27ми, а вие сте добиле информација за Цитроенот на 27,и

д – јас на 27ми добив информација за запалено возило, јас работам за територија на скопје, тоа возило било во велес исчезнато и не сум знаел, после добив информација дека е запалено

т – кажавте дека сте имале комуникација со александар, оттаму, можеме ли да заклучиме дека сте ги имале сите нформации дека александар ви ги пратил сите информации вклучително и видео записите од безбедносните камери?

д – од кај да знам дали биле сите, праќаше, не знам дали биле сите

т – по однос на возилата имавте ли сознанија дека александар пред да ги прати тие снимки веќе преку пријателска врска со Сјеф Сити заедно со Гоце имал информација за преглед на неколку возила дека едно од возилата се бара и веќе три дена е во потрага по него?

д – немав таква информација

т – значи ли тоа дека од никого не сте информирани за ова што ве прашав?

о – ви одговори сведокот

судија – прашањата нека бидат прецизни

т – кажавте што и каок сте преземале во контекст на пронаоѓање на безбедносна камера од објект како што рековте во бутка, кажавте дека немало видео-запис, дека сте го прегледале ресиверот и според Вас е големо знак прашање дали оваа камера фаќала до влезот, е сега, можеме ли да заклучиме дека Вие целосно не сте утврдиле до кој датум односно до кое време последно снимала таа камера?

д – немаше видео запис никаков, од ниту еден датум

т – кажавте дека сте документирале избришана порака во вибер група од Александар, дадовте претпоставка дека наводно таа порака е по грешка пратено во вибер групата, па оттаму имавте ли сознанија дека пораката е со родител по име Бојана со кој Александар комуницира и одговара на нејзини прашања?

д – не знаев со кого комуницирал , добивме податок дека има таква порака и го прашавме александар што значеше пораката, рече дека по грешка тоа нешто направив, не знам за Бојана

т – дали се комплетно што сте преземале околу александар останува на Вашите лични претпоставки и сомнежи дека тој е инволвиран во оваа постапка, а немате конкретно и разумно образложение од каде го црпите вашиот сомнеж?

д – видете, ние сомневањето према него ни кажаа претходно дека и таткото е инволвиран, ни кажаа Велибор и Боре, Кешишев не, ви кажувам точно кој ни кажа. Со тие нивни искази и со разумското согледување на сите околносто може да се заклучи, јас само фактите ви кажувам, ние не го обвинивме таткото.

т – од Музафер ви било кажано дека со александар со возило отишле на неколку локации и дека тој не излегол од возилото на тие локации, можеме ли да заклучиме дека овие сознанија сте ги добиле од Музафер и дека не сте знаеле дека возилото е на александар, тој бил во улога на возач и ги следел напатстијата на музафер и имал улога идејќи било ноќе да пушта долги и кратки светла за претрага на теренот

о – приговарам судија, ирелевантно е сведокот да кажува што му кажал другиот сведок

судија- се дозволува прашањето

д – првпат слушам од вас дека пуштал светла, на крајот на краиштата нели можел да пушти светла и да излезе?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…

Продолжува голготата за родителите на починатите деца…

(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…

Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…

Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…