Великани на светската историја(10.) Исак Њутн – пионерот на научната револуција

t

Битен аспект на креативноста е дека нема страв од неуспех.
Ако сум видел подалеку, тоа е затоа што сум стоел на грбот на некој џин.

Несомнено еден од најголемите и највлијателните научници на сите времиња. Еден од најголемите умови на сите времиња.Заедно со Коперник, Кеплер и Галилеј, е еден од лидерите на научната револуција. Неговото највлијателно дело Математички принципи(во кое се содржани трите закони за движењето – законот за инерција, законот за количеството на движење и законот за акција и реакција), во основа го одреди начинот и принципите на кои научниците го опсервираат и објаснуваат светот на природата. Ова негово научно дело(Principia) од 1687г. е едно од најкапиталните научни дела и е еден од темелите на научната револуција. Многу верувал во методот набљудување и тврдел дека вистинското учење и најголемите откритија се случуват преку внимателни набљудувања.

Целиот свој живот го посветил на љубовта кон науката и радоста на откривањето. Најмногу од се бил реален и свесен за состојбата во која се науѓа човекот наспроти природата и универзумот(“Она што го знаеме е капка, а тоа што не го знаеме е океан“). Поставувал многу прашања, бил трпелив и со тек на времето,преку своите теории и пронајдоци, дал и многу одговори. Бил многу љубопитен, посветен на науката и истраен во набљудувањето на појавите и на нивното научно објаснување. Имал пасија за учење, од едноставна причина што бил гладен за знаење.

Знаеме дека неговото главно наследство се заедничките сознанија за математиката и физиката, но тој беше и сестран научник кој остави големи траги во астрономијата, теологијата, историјата, алхемијата, економијата и филозофијата. Првенствено бил физичар, ама дал и голем придонес во филозофијата. Ја унапредувал методологијата на научното истражување, комбинирајќи ги методите на индукција и дедукција со експерименталното проучување. Може да се каже дека неговата методологија е еден вид продолжение на емпиризмот на Бекон и Лок. Познати се и неговите ставови за материјата, движењето, просторот и времето. Тој, исто како и Декарт, смета дека секое движење е механичко движење. Пред се промена на местото во просторот.

Сите знаеме дека овој голем ум го открил и го објаснил законот на универзална гравитација. Со право се смета за татко на гравитацијата. Инспирација за тоа добил од едно јаболко. И тоа не кое било јаболко, туку јаболко кое паднало врз неговата глава. Овој мит е речиси точен, но не сосема. Вистинската приказна е всушност многу поинтересна. Како што и самиот Њутон кажува, тој ја зачнал својата теорија во моментот кога видел како паѓа јаболко (но не на неговата глава) во истото време кога ја видел месечината како виси на небото. Едноставните детски прашање кои се јавиле во неговата глава биле: зошто јаболкото падна? И што е уште поважно зошто месечината не падна? И дали истиот закон кој направи јаболкото да падне важи и за месечината?

Токму истражувањето на комбинацијата на овие две различни топки го разбудиле креативното размислување кај Њутн и довеле до неговото развивање на теоријата која е сè уште јадро на модерното инженерство и наука. За се што овој гениј постигна, Александар Поуп, во неговото дело ‘’Епитаф: наменето на сер Исак Њутн’’, напиша:’’Природата и природните закони во ноќната темнина наоѓаат темнина; Бог рече: ‘Нека биде Њутн’ и се стана светлост’’.
Инаку, бил претставник на Универзитетот Кембриџ во парламентот, а подоцна и чувар и директор на државната ковачница за пари се до неговата смрт. Во 1699 г. е избран за член на Париската академија, а 1703г. станал претседател на Кралското друштво. Од кралицата добил благородничка итула, но цел живот бил скромен, срамежлив, мирен, тивок и повлечен човек

На неговиот надгробен споменик е впишан епитафот ‘’Нека смртните се радуваат што постоеше така убав украс на човечкиот род’’. Мислам дека не постои човек што не би се согласил со оваа благородна мисла за Исак Њутн.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската амбасада не сака да го коментира…

„Ги видовме извештаите и нема да коментираме…

ИДФ: Ликвидиpан виcок функционеp на Xамаc

Израелската армија (ИДФ) и разузнавачката служба Шин…

(Видео) Девет пожари се надвор од контрола!…

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно…

Курсна листа на НБРМ: Еве колку чинат…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Вечен спомен ќе биде Карпалак – 23…

Масакрот кај Карпалак е најброен масакр врз…