Објавено на:

Велика Британија преместува борбени авиони на Блискиот Исток

t

Велика Британија преместува дополнителни воени средства, вклучувајќи борбени авиони, на Блискиот Исток за да обезбеди поддршка низ целиот регион, изјави британскиот премиер Кир Стармер.

„Преместуваме средства во регионот, вклучувајќи авиони, а тоа е за резервна поддршка во регионот“, изјави Стармер пред новинарите пред патувањето на состанокот на Групата седум во Канада, објави Ројтерс. Велика Британија веќе има борбени авиони на Блискиот Исток како дел од операцијата за справување со заканите во Ирак и Сирија. Портпаролот на британскиот премиер изјави дека воздухопловните екипажи почнале да се подготвуваат за распоредувањето вчера наутро, кога станало јасно дека ситуацијата во регионот на Блискиот Исток се влошува.

Тој рече дека се распоредени и нови авиони за полнење гориво од британските бази и дека ќе бидат испратени дополнителни борбени авиони. Иран и Израел разменија ракетни и воздушни напади вчера, откако Израел започна воздушна офанзива против Иран во која беа убиени воени команданти и научници и беа бомбардирани нуклеарни постројки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија и Франција клучни за европската одбрана,…

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…

Шест од десет Британци сакаат државата да…

Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…

Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…

Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…

Кралот Чарлс за нападот во воз кај…

Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…

Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…

На британската министерка за внатрешни работи Диана…