Велика Британија прогласи вонредна состојба!
Британската национална метеоролошка служба денеска прогласи вонредна состојба и издаде предупредување за екстремни горештини за делови во земјата во понеделник и во вторник. Се тврди дека температурите може да бидат рекордни.
„Вонредни, можеби рекордни, температури се веројатни во понеделник, а потоа и во вторник“, соопшти службата на својот сајт.
Во Велика Британија „веројатно и ноќите ќе бидат исклучително топли, особено во градските области“, што се чини во голема мера „ќе влијае врз луѓето и врз инфраструктурата“.
Највисоката евидентирана температура во Велика Британија изнесува 38,7 степени Целзиусови и регистрирана е на 25 јули 2019 година во Ботаничката градина на универзитетот Кембриџ.
Претходно оваа недела, британската национална метеоролошка служба и Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија издадоа предупредување за високи температури од трето ниво за југоисточниот и за источниот дел на земјата и за Лондон, како и предупредување од прво ниво за северниот дел.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…