Објавено на:

Велика Британија со нова низа на арсенал за Украина

t

Велика Британија ќе ги испрати своите први проектили со долг дострел во Украина, откако Русија ги погоди преградијата на Киев за првпат од април.

Според министерот за одбрана Бен Валас, земјата ќе испрати ракетни системи М270, што можат да истрелат прецизни ракети до 80 километри, подолг дострел од која било ракетна технологија користена сега во војната.

„Ако меѓународната заедница продолжи со поддршката, јас верувам оти Украина може да победи. Со промената на руската тактика, мора да се смени и нашата поддршка за Украина. Овие високо способни ракетни системи за повеќекратно лансирање, ќе им овозможат на нашите украински пријатели подобро да се заштитат од бруталната употреба на артилерија со долг дострел, што силите на Путин ја користеа неселективно за да уништат градови”, тврди Валас во соопштението, објавено од британското Министерство за одбрана.

ДПА појаснува дека украинските војници ќе бидат обучени во Велика Британија како да ја користат опремата.

Министерството за одбрана додава и дека одлуката за обезбедувањето фрлачи била координирана со американската Влада, која исто така најави испорака на артилериски ракетни системи со висока мобилност за Украина.

Кога САД соопштија за праќањето проектили, рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе погоди нови цели.

– Доколку тие се доставени, ние ќе извлечеме соодветни заклучоци од тоа и ќе употребиме наше оружје, што го имаме доволно, за да се удрат објекти што сè уште не сме ги погодиле, изјави тој во интервју снимано во петокот.

Жителите на Киев вчера се разбудија со првите руски напади на главниот град на Украина, од 28 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Поради вежбите на НАТО во Финска,…

Маневрите на НАТО во близина на границите…

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Поради корупција уапсен е рускиот заменик министер…

Русија уапси министер поради примање мито.  Рускиот…

Лавров се заканува? Западот е на работ…

Западот е на работ на директен воен…

Русија и Кина потпишаа Меморандум за соработка…

Врховниот командант на руската морнарица, адмирал Александар…