Велија Рамковски повторно на медиумската сцена – започна со работа „А2 Телевизија“
А2 Телевизија“ започнува ново поглавје – со иновативност, свежина и поголема поврзаност со публиката. Зад проектот стои сопственикот на поранешната „А1 Телевизија“, Велија Рамковски.
Со освежен визуелен идентитет и силен фокус на домашната продукција, А2 внесува нова енергија во медиумската сцена и интернет просторот во Македонија.
„Под мотото ‘А2 – заедно во ново светло’, не само што донесуваме модерна естетика и динамична содржина, туку ја градиме и новата платформа за дијалог, култура и вистинска информативна вредност. Вашите приказни, вашите ставови, вашата реалност – сега добиваат појасен одраз преку екранот на А2. Во новото светло, заедно со нас е и визионерот Велија Рамковски – пионер на независното новинарство и човекот кој стои зад најгледаните и најуспешни емисии и медиумски проекти во земјава“, се наведува во соопштението до медиумите.
Според официјалните информации, телевизијата ќе може да се следи исклучиво преку нејзините официјални профили на Facebook и Instagram.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…
(Видео) Иран откри нов подземен „град на…
Иранската револуционерна гарда претстави нов подземен воен…
Норвешка издвојува нови средства за Амазонија по…
Норвешка најави 600 милиони норвешки круни за…
Француски експерти бараат построги правила за вештачката…
Француска експертска комисија предложи посилна контрола врз…
(Видео) Пожар на гасна платформа во Иран:…
Пожар избувна на платформата SPD14D во рамките…