Венетски ги „построи“ членовите на историската комисија: До кога ќе глумите дека сте недоветни и до кога ќе криете од јавноста што работите во историската комисија?

t

Новинарот и член на Македонски Манифест Дардан Венетски јавно ги праша претседателот на историската комисија Драган Ѓорѓиев и членот Петар Тодоров до кога ќе глумат дека се недоветни и до кога ќе кријат од јавноста што работат во историската космисија?

„Јавно прашање до Ќоргиев и Петар Тодоров, членови на мешовитата историска комисија: ДО КОГА ЌЕ ГЛУМИТЕ ДЕКА СТЕ НЕДОВЕТНИ И ДО КОГА ЌЕ КРИЕТЕ ОД ЈАВНОСТА ШТО РАБОТИТЕ ВО ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА? Ги слушам Господава и не можам да се начудам. Биле запрепастени од негативните реакции на јавноста и наводното искривено пренесување на нивните изјави по отварањето на прашањето за МПЦ- ОА. А што очекувате ЏАГУРИЊА надуени, кога ги криете своите активности од јавноста? Се лажете ако мислите дека повторно ќе чекаме 3 години да ни соопштите што се сте договориле, како во случајот со Кирил и Методиј, Климент и НАУМ и Самоил? Ако веднаш ги објавувате записниците од вашата работа нема да има негативни реакции. Јавно ве прашувам, што криете од јавноста? Вашата работа не е државна тајна. Напротив, вашата работа е од јавен интерес врз база на јавно потпишан и објавен договор за добрососедство. Знаете кој ги крие своите активности? Само криминалци, проститутки и предавници. Ако не сакате да ви ставаат вакви епитети, веднаш да ги објавите записниците од својата работа, а не да чекате 3 години.“, коментира Венетски на фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран негира вмешаност во планираниот терористички напад…

Ги отфрламе како целосно неосновани тврдењата на…

Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Осум месеци затвор за Игор Дашковски кој…

Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот…

Росица пријавувала насилство, тие не постапувале: Обвинение…

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

Трамп на 19 ноември планира одделна средба…

Американскиот претседател Доналд Трамп планира на 19…