Венетски за авторките на учебниците: Зарем само тие се неписмени во државава? Гледајте колку неписмени политичари имаме па никој не ги гони
Новинарот и член на Македонски манифест, Дардан Венетски нуди решение за грешките во учебниците:
Има решение за грешките во учебникот за четврто одделение. место сложените термини исток и запад да се воведат поедноставните сено и слама.
Просто ги жалам авторите и рецензентите на учебникот кои се под жестоки критики од јавноста само затоа што не разликуваат исток од запад. А бре луѓе, како не ви е жал? Зарем само заради ова треба да ги симнеме од коњи на магаре и да ги вратиме на село повторно да садат тутун и молзат крави? Зарем само тие се неписмени во државава? Гледајте колку неписмени политичари имаме па никој не ги гони.
Проблемот лесно се решава по примерот на поранешната ЈНА, во која имаше неуки војници кои не разликува лево од десно. Старешините ова го решаваа на тој начин што на левата чизма им врзуваа сено а на десната слама, па место лево и десно командуваа сено слама, што неуките војници лесно го разбираа. По овој пример може да се реши и проблемот во образованието. Место сложените термини исток и запад да се воведат сено и слама.
На овој начин неуките автори и рецензенти нема да грешат затоа што ќе работат со термини кои им се блиски. Од друга страна нема да ризикуваат да го изгубат работното место кое им носи леб без мотика, пишува Венетски на фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…
НОВА ЕСКАЛАЦИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Иран испратил…
Иран лансирал нов бран беспилотни летала насочени…
Пријавени проблеми со итниот број 911 низ…
Од Соединетите Американски Држави пристигнуваат извештаи за…