Венеција ја добива трката со Палермо за потписот на Несторовски!
Италијанскиот експерт за трансфери, Џанлука Ди Марцио вели дека Венеција во моментов е најблиску до потписот на Несторовски, тие имаат предност пред Палермо во трката по Македонецот.
Несторовски во следната сезона ќе има нов клуб, а голема е веројатноста тоа да биде Венеција.
Ди Марцио тврди дека Венеција сега има најголеми шанси да дојде до Несторовски за кој сериозен интерес имаше и од неговиот поранешен клуб, Палермо.
Венеција минатата сезона загуби во плеј-офот за влез во Серија А, а амбицијата за новата сезона е да се пласира во елитата.
Венеција веќе има одличен напаѓач во Финецот, Јоел Похјанпало кој минатата сезона ја заврши со 19 голови и 7 асистенции во 37 натпревари. Но и покрај тоа, италијанскиот клуб смета дека искуството на Несторовски може да биде значително во остварување на целта, враќање во Серија А.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија размена на заробеници,…
Украина и Русија договорија поголема размена на…
Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…
Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…
Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…
Цените на нафтата пораснаа за околу два…
Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…
Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…
Физички напад во Лабуништа: 36-годишник претепан од…
На 10.11.2026 година, во 09:37 часот, во…