Објавено на:

Венс: САД нема да испраќаат војници во Украина

t

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денес повтори дека САД нема да испраќаат војници во Украина, но нагласи дека Вашингтон има намера да игра активна улога во обезбедувањето безбедносни гаранции за Киев.

„Претседателот беше многу јасен. Нема да има војници на терен во Украина. Но, ние ќе продолжиме да играме активна улога во обидот да се осигураме дека Украинците имаат безбедносни гаранции и доверба што им е потребна за да ја сопрат војната од нивна страна и дека Русите чувствуваат дека можат да ја завршат војната од нивна страна“, рече Венс во интервју за NBC News.

Тој истакна дека руската страна покажала подготвеност да биде флексибилна во однос на некои од своите барања и дека, за прв пат по три и пол години војна, направила сериозни отстапки, особено во однос на признавањето на територијалниот интегритет на Украина по војната.

„Не велам дека Русите се откажале од сè, но го омекнале својот став дека Украина ќе има територијален интегритет по војната“, рече Венс.

На прашањето како е можно руската страна да седне на преговарачка маса со Зеленски, Венс рече дека американскиот претседател Доналд Трамп употребил „агресивна економска моќ“, како што се „секундарни тарифи за Индија, за да се обиде да им го отежни на Русите да се збогатат од нафтената економија“.

Тој додаде дека Трамп ги засилил напорите за преговори за дипломатско решение бидејќи, како што рече, оваа војна не е во ничиј интерес, ниту во интерес на Европа ниту на САД.

Венс изрази оптимизам дека упорноста ќе донесе резултати. „Преговорите имаат свои подеми и падови.

Понекогаш чувствуваме дека сме постигнале голем напредок со Русите, а понекогаш, како што рече претседателот, тој бил многу фрустриран од Русите“, рече Венс.

Тој рече дека администрацијата на Трамп ќе продолжи да прави што треба за да ја заврши војната и нагласи дека не мисли дека тоа ќе се случи преку ноќ.

„Мислам дека ќе продолжиме да напредуваме. Но, на крајот на краиштата, дали убивањето ќе престане, таа одлука ќе зависи од тоа дали Русите и Украинците навистина ќе можат да најдат заедничка основа“, рече Венс, според Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венс: САД нема да испраќаат војници во…

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денес повтори…

ФК „Брегалница“ со осуда за инцидентот во…

Фудбалскиот клуб Брегалница најостро го осуди инцидентот…

Дачиќ: Следната недела уште мирни собири против…

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави…

Норвешка најави 600 милиони евра за купување…

Норвешката влада денес објави дека ќе издвои…

Откриени 15 мигранти од Египет и Сирија…

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија…