Откриени 15 мигранти од Египет и Сирија во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија
Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија Пат“, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица – информираат од МВР.
Како што информираат од МВР лицата биле предадени во Прифатно-транзитен центар Винојуг, Гевгелија.
-Денеска во 00.30 часот на регионален пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија Пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица забележале патничко возило „Мерцедес“ со француски национални ознаки, во кое се превезувало мигранти и кое не застанало на знак за запирање даден од полицисе службеници. Набргу, возилото запрело, по што возачот го напуштил местото, а при преглед во возилото биле пронајдени 15 лица-мигранти, од кои 12 од Египет и три од Сирија – се вели во соопштението од МВР.
Од МВР информирата дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…
Во изминатото деноноќие, на територија на целата…
Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…
Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…
(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…
Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…
Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…
Бројот на загинати во вооружениот напад што…
Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на…
Четири борби, четири победи и ниту една…