ФК „Брегалница“ со осуда за инцидентот во Штип: Спортот треба и мора да биде колевка на почит, култура и демонстрација на здрави навики
Фудбалскиот клуб Брегалница најостро го осуди инцидентот што се случи на денешниот натпревар од младинската Супер лига во Штип во кој родител на гостинскиот тим Шкупи физички нападна двајца фудбалери на домашниот клуб.
„Спортот треба и мора да биде колевка на почит, култура и демонстрација на здрави навики. Не смееме да дозволиме ваква слика да се повтори на кој било фудбалски и спортски терен. Тоа треба да биде место за натпреварување и покажување на манири кои се учат од најмала возраст“, соопшти Брегалница.
Инцидентот се случи денеска на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, кога за време на одигрување на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди.
Веднаш по нападот, како што претходно соопшти МВР; полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош.
„На повредените деца им посакуваме брзо закрепнување и апелираме до институциите професионално да ја испитаат денешната случка и соодветно со највисоки казни да ги санкционираат виновниците“, се вели во соопштението на ФК Брегалница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сајбер-напад на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ –…
Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)– Штип во текот на…
Целосен пресврт во Nvidia: Јенсен Хуанг се…
Управниот одбор на Nvidia едногласно го врати…
Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега…
Со вакцина против сезонски грип, досега, заклучно…
Муцунски во Aтина: Грција го пофали напредокот…
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во…
Вучиќ најави штрајк со глад „доколку се…
Шефот на пратеничката група на СНС во…