Венс се Закани дека Америка би можела да испрати војска во Украина ако Русија не прифати мировен договор
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се закани дека сѐ уште постои можност за странска воена интервенција во Украина ако Русија не прифати мировен договор. Тој најави дека во тој случај, и Америка би можела да испрати свои трупи во Украина.
„Мислам дека од ова ќе произлезе договор што ќе шокира многу луѓе. Претседателот Трамп е отворен за сите опции. Сѐ е на масата, ајде да се договориме“, изјави Венс за „Вол стрит џурнал“.
Тој нагласи дека САД сакаат Украина да ја задржи својата независност по мировните разговори, но додаде дека е нејасно колку нејзина територија ќе остане под руска контрола.
„Има бројни формулации и конфигурации, но ние навистина се грижиме за тоа Украина да има суверена независност“, кажа Венс.
Тој ќе биде највисокиот претставник на САД на тридневната Безбедносна конференција во Минхен, каде што ќе се сретне со Володимир Зеленски.
Во пресрет на конференцијата, Доналд Трамп објави дека американски, руски и украински функционери ќе се сретнат денеска во Минхен за да разговараат за крај на војната во Украина. Организаторите велат дека нема да има руска делегација на конференцијата, а од германската влада кажаа за Би-Би-Си дека е малку веројатно дека ќе бидат издадени германски визи за руски функционери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…
НАТО се откажа од одржувањето на самитот…
Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…