Венс: Украина не треба да биде членка на НАТО
Украина не треба да биде членка на НАТО, изјави потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс.
„Колку што ми е познато, немаме официјален сојуз со Украина. Тие не се членка на НАТО и мислам дека не треба да бидат“, рече Венс за американските медиуми.
Според него, Украина понекогаш дејствува спротивно на американските интереси.
„Тие (украинските власти) се партнери во одредени области, но нашите интереси повремено се разликуваат“, додаде Венс.
Тој истакна дека Киев треба да ги запре нападите врз руските рафинерии за нафта, кои придонесуваат за зголемување на цените на енергенсите во Соединетите Американски Држави.
„На пример, дали сметам дека треба да изведуваат напади врз руските постројки за производство на дизел, кои доведуваат до зголемување на цените на енергенсите за Американците? Не. Сепак, очигледно е дека соработуваме со нив за низа други прашања. Ќе продолжиме да соработуваме со нив во одредени области, но сметам дека треба да престанат со нападите врз руската енергетска инфраструктура“, заклучи Венс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…