Верски календар: Денес се празнуваат овие светители

t

Светиот великомаченик Теодор Тирон

„Тирон“ значи „регрут“. Штотуку Свети Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гонењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин. Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен. Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му: „Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалок, зашто ќе бидеш во другиот живот, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата“. При ова се јави мнозинство ангели во затворот и сиот затвор заблеска прекрасно, а затворските стражари ги видоа ангелите облечени во бело и мошне се уплашија. По ова Свети Теодор беше изведен и осуден на смрт. Го фрлија во оган и Му ја предаде својата душа на севишниот Бог. Пострада во 306 година.

Тропар
Со голема вера исправен, во изворот на пламенот, како во вода на успокојување светиот маченик Теодор се радуваше; низ оган поминат, како сладок леб на Пресвета Троица се принесе. Затоа, по неговите молитви, Христе Боже, спаси ги нашите души.

Преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман

Како монах Свети Теодосиј се насели недалеку од градот Трново, каде што основа обител која по него ја нарекуваа Теодосиева. Значително се истакна на Соборот против богомилите во 1360 година. Штитејќи ја православната вера тогаш мудро ги посрами богомилите. Својот земен живот го заврши во Цариград во 1362 година. Неговиот ученик Роман продолжи да се подвизува во Теодосиевата обител до својата смрт.

Света Маријамна (Марија)

Сестра му на Светиот апостол Филип. Патуваше со својот брат и заедно го проповедаа Евангелието во Ерапол и по други места. После маченичката смрт на Филип Маријамна ја продолжи својата мисионерска работа во Ликаонија, каде што и се упокои.

Тропар
Од мирот Христов срцето твое мека земја стана за Неговите проповеди, блажена Маријамно, пролетта Господова со тебе се движеше, утешувајќи, поучувајќи, крштевајќи и кон спасение приведувајќи. Радувај се, сега, мајко наша блажена, и за нас моли се во нетленото Царство Небесно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За многу години: Денеска се празнува Влегувањето…

Кога Царот, седејќи на осле, влегол во…

Денеска се празнува Лазарева сабота

Светиот Лазар, брат на Марта и Марија,…

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Артемон

Беше свештеник во Лаодикија во времето на…

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Антипа, епископ…

Се спомнува во книгата на Откровението како…

Денеска се празнуваат Светите маченици Теренциј, Африкан,…

Пострадаа за Христа и стекнаа венци на…