Весна Бејби со емотивна објава која ги загрижи нејзините следбеници: „Ракот е патување во кое патуваш сам, времето е твојот најголем непријател“

t

Актерката Весна Бејби Петрушевска ги збуни, но и загрижи своите следбеници со емотивна објава на својот Инстаграм профил.

54-годишната актерка во описот на објавата напишала само еден збор: „Почеток“.

Објавата на Весна, во склоп на која ставила и своја фотографија, гласи:

„Ракот е патување во кое патуваш сам. Има многу места каде можеш да застанеш и да го земеш лекот, само треба да сакаш. Некогаш можеш затоа што можеш, некогаш затоа што мораш. Во оваа приказна си сам, како што се раѓаме и умираме сами. Во оваа борба ти станува јасно дека времето е твојот најголем непријател“.

„Најсилните борци ги добиваат најтешките битки… Ќе победиш“, „Ти си нашата силна кралица“, „Бог дава онолку колку што можеш да издржиш, знае кој колку има сила и за што. Ти си лавица. Само со силна верба, волја и позитивна мисла“, се дел од коментарите под објавата.

https://www.instagram.com/p/C_P3eHuuvM3/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема скратување на боледувањата, а контролите нема…

Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување,…

Албански државјанин почина во Кичево – ќе…

МВР информира дека вчера во 19:40 часот…

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат…

Грција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат…

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…