Вечерва вонреден состанок на Косовоскиот совет за безбедност!

t

Кабинетот на премиерот соопшти дека денеска премиерот Албин Курти одржал состанок на Советот за безбедност на Косово во врска со ситуацијата на северот на земјата, пренесува Газета Метро.

Како што се наведува во соопштението, неодамнешните напади се предизвикани од нелегални структури и криминални групи, координирани и поддржани од Владата на Србија, кои со сите расположливи средства дејствуваат против уставниот поредок на Република Косово.

„Беше речено дека оваа закана и овие дејствија доаѓаат како резултат на тесна координација меѓу Владата на Србија и нелегалните структури и криминални групи, кои исто така шират пропаганда.

Илегалните структури, како и криминалните групи продолжуваат да вршат екстремистички дејствија врз граѓани на Републиката, државни институции, припадници на косовската полиција, новинари, припадници на мисијата ЕУЛЕКС и патролни единици на КФОР“, се наведува во соопштението.

Меѓу другото, од кабинетот на премиерот велат дека Владата и институциите на Република Косово не можат да разговараат со криминалните банди.

Беше истакнато дека во овие 17 дена од подигнувањето на барикадите има континуирана комуникација со КФОР“, се наведува во соопштението.

Во меѓувреме, синоќа мисијата на НАТО на Косово, КФОР, соопшти дека „слушнала и видела истрели“ во близина на една од нејзините патроли во Зубин Поток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица го освои Берлин, кој првпат може…

Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…

Личните документи ќе ги имаме на мобилен…

Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…

ТРАМП: Голем број руски рафинерии се надвор…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на…

Европа подготвува црвена линија кон Москва: Што…

Европските министри за надворешни работи ќе се…

Европа се соочува со огромен недостиг од…

Европската енергетска криза може да добие нова…