Објавено на:

ВЕЧЕРВА ГО УАПСИЈА ВОДАЧОТ НА „ГРОБАРИТЕ“ ЗА УБИСТВОТО НА РАНКО ЕСКОБАР: Ова е Марко Пјановиќ од Брчко

t

Марко Пјановиќ од Брчко, кој е поврзан со убиството на Ранко Радошевиќ Ескобар во Белград, а кој вечерва беше уапсен во Бјелина, е момчето на Азра Шабановиќ, кој синоќа беше уапсена во Сараево поради соучесништво во ова убиство.

Пјановиќ е еден од водачите на навивачите на Партизан во Брчко. Засега не се знае каква била неговата улога во убиството, додека Азра е осомничена дека украла автомобил „голф 4“ кој им го предала на сторителите на ова дело, на Стефан З.(28) и Лука В. (26), кој подоцна го запалил.

Како што дознава Курир, Азра и Марко имале улога да го прегледаат теренот и да договараат набавка на автомобил.

– Азра и Марко се преправаа дека се муштерии. Ден претходно биле на плацот на половни возила на Ескобар, како да се заинтересирани да ги купат и наводно се договориле да купат автомобил. Следниот ден, во предвидениот термин за купопродажба наместо Азра и Марко дојдоа убијците на пумпата – вели соговорникот на Курир од истрагата.

Инаку, навивачите на Партизан, попознати како „Грабари“ во Брчко се познати по бројни инциденти. Најпознат е од 2020 година, кога еден од нивните членови пукаше со автоматско оружје кон навивачите на Црвена звезда кои беа на пат на натпревар во Белград.

ФОТО: MUP RS

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…