Вечерва започнува предизборниот молк во Србија
Во Србија од полноќ почнува изборен молк пред вонредните парламентарни, редовните претседателски и редовните локални избори за Белград и 12 локални самоуправи, кој ќе трае до недела, 3 април, до 20 часот, кога се затвораат избирачките места, јави доспиникот на МИА од Белград.
За време на изборниот молк се забранува изборна пропаганда, одржување предизборни собири на јавни места и објавување проценки за изборните резултати.
Забрането е истакнување симболи на политички партии и друг пропаганден материјал на гласачките места и на 50 метри од нив.
Доколку не се почитува оваа одредба, избирачкиот одбор по закон се распушта, а гласањето се повторува на тоа избирачко место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…
Македонската партија во Србија застана зад Студентската…
Македонската партија на Србија јавно ја поддржа…
Студентите официјално ќе одат на избори —…
Републичката изборна комисија (РИК) вчера ја потврди…
Вучиќ: Србија е подготвена повторно да воведе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…