Вечерва стапува молкот, во среда Македонија гласа!

t

Денеска е последниот ден од кампањата за вториот круг од претседателски избори и парламентарните избори на 8 мај.

На полноќ настапува молкот, кој ќе заврши во среда, во 19 часот.

Кампањата за претседателските избори започна веднаш по првиот круг од изборите, додека дваесетдневната кампања за парламентарните избори на 18 април.

На вториот круг од претседателските избори гласачите ќе можат да се определат за Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која во првиот круг од изборите на 24 април освои 363. 085 гласови, и Стево Пендаровски, кој доби 180.499 гласа.

На парламентарените избори пак, гласачите ќе можат да се определат за една од вкупно 17 листи на кандидати.

Листи за пратеници имаат: Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, Коалиција Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија. Земјата е поделена во шест изборни единици, а дел од коалициите и партиите имаат листи само за некои од изборните единици.

Се гласа на 3480 избирачки места, а избирачите во текот на денот ќе можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…

Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…

Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…

Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…

Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…

Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…