Вечерва ќе се прска против комарци на критичните подрачја во Кисела Вода

t

Град Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува редовна акција за дезинсекција.

Како што извести градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, третманот ќе ги опфати критичните подрачја, со цел навремена заштита на граѓаните и спречување на масовното размножување на комарците.

„Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 часот, па сè до целосното опфаќање на критичните места на општината, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци.

Оваа интервенција се надоврзува на досегашните активности. Имено, Кисела Вода досега изврши 3 третмани против возрасни комарци и 1 акција за сузбивање на ларви, како и Град Скопје, кој досега изврши вкупно 14 дезинсекции.

Уште еднаш ги потсетуваме пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради вечерашните активности.

Истовремено, за акцијата да се реализира безбедно и ефикасно, ги замолуваме граѓаните во наведениот временски период, доколку се во можност, да ги држат затворени прозорците и вратите од своите домови“, соопшти градоначалничката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…

Алта банка АД Битола е стабилна, со…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Флора Кадриу е нова претседателка на Комисијата…

Флора Кадриу е избрана за нова претседателка…

Протече вознемирувачко видео од смртта на претепаниот…

На социјалните мрежи се појави целосната снимка…

Пронајдени наркотични материи и вага во возило…

Различни видови сомнителни наркотични материи биле пронајдени…