Објавено на:

ВЕЧЕР НА „ГРАДСКИ“: Фудбалерите бараат поддршка и полн стадион, Македонија денеска ја пречекува Грузија!

t

Македонија денеска на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува Грузија во рамки на третото коло од Лигата на нации.

Селекторот Благоја Милевски и голманот Столе Димитриевски побараа од навивачите масовна поддршка за денешниот натпревар кој е со почеток во 20:45 минути.

– Посакуваме исполнет стадион кој ќе биде додатен стимул за нас како тим, да ја осетиме таа домашна публика. Поддршката ни е многу потребна. Победата (на Грузија) од 5:2 над Бугарија може и не мора да значи ништо. Очекувам поразличен меч од оној нашиот со Бугарија и оној нивниот, изјави Милевски на вчерашната официјална прес-конференција.

Тој истакна дека македонските играчи ќе мораат да дадат максимум за да ја победат Грузија.

– Ќе се потрудиме да бидеме подобри утре во однос на претходните два меча. Има разлика од оваа Грузија во однос на Грузија од нашите минати дуели. Имаат нов селектор, нова визија, нема ништо слично од она што беше и ова што не чека. Не се оптоваруваме многу од важноста на утрешниот меч. Да се даде максимумот и да се постигна успех, порача Милевски.

Поддршка од навивачите побара и голманот Столе Димитриевски, истакнувајќи дека Грузија е сериозен противник.

– Сакам полн стадион, сакам голема, најголема поддршка. Со публиката и со нашиот квалитет ќе биде полесно да славиме со победа. Јас секогаш сум пресреќен кога играм дома. Со полн стадион ќе ни биде полесно како што тоа било и во минатото, изјави Димитриевски.

После Грузија во вториот натпревар дома ќе се сретнеме со Гибралтар, овој дуел е закажан за в недела од 18:00 часот.

Билетите за двата натпревари се веќе пуштени во продажба и се по цена од 250 до 350 денари. Истите можете да ги купувате – ТУКА.

Македонија после првите две кола во оваа Лига на Нации има четири бода, додека лидер на табелата е Грузија со шест бода, па затоа натпреварот в четврток е од голема важност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…