Вечна слава! 24 години од загинувањето на Благојче Крстаноски: „Нема што да чекаме, должни сме да ја браниме нашата татковина!“
На денешен ден (07.04.1999) на 27 годишна возраст загинал Благојче Крстаноски, македонски бранител и професионален војник во Армијата на Република Македонија кој бил роден во селото Ливоишта во Охрид.
Благојче бил убиен во Горно Блаце на Скопска Црна Гора на самата граница од снајперски оган од косовска страна. Се претпоставува дека е убиен од британските САС, бидејќи за време на косовската војна извршуваа тајни акции и соработувања со терористичката ОВК. Сторителите професионално го извршиле убиството.
Благојче наместо да се повлече со својот колега кој го повикувал да го сторат тоа поради предвидени опасности кој доаѓале од ОВК, тој на колегата му рекол: „Нема што да чекаме, должни сме да ја браниме нашата татковина!“
Благојче беше првата жртва на вооружените сили во независна Македонија, чесно и пожртвувано извршувајќи ја својата должност во одбрана на својата татковина.
Вечна му слава!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…