Објавено на:

„Вештачката интелигенција би можела да го уништи човештвото за само две години“

t

Елизер Јудковски, познат истражувач и експерт за вештачка интелигенција, се обратил со ново предвидување за иднината на човештвото.

„Ако сум натеран да понудам веројатност за некои работи, имам чувство дека нашето моментално преостанато време повеќе ми изгледа како пет отколку 50 години. Може да биде две години, може да биде 10“, рекол Јудковски во неодамнешно интервју за „Guardian“.

„Потешкотијата е во тоа што луѓето не сфаќаат. Има мали шанси човештвото да преживее“, рекол тој.

Јудковски, кој е основач на Институтот за истражувањето на машинска интелигенција во Калифорнија, верува дека технологијата веројатно претставува егзистенцијална закана.

Неговите забелешки секогаш се провокативни, а оние кои го следат развојот на вештачката интелигенција можеби се сеќаваат на минатата година, кога Јудковски повикал на бомбардирање на дата центрите за да се спречи подемот на „AI“.

Тој го преиспитал тоа конкретно тврдење и за „Guardian“ и рекол дека и натаму стои зад идејата за бомбардирање, но додал дека тоа не би требало да се случи со нуклеарно оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…