Вештачкото ѓубриво поскапе за 300 отсто: Како ќе се прехраниме?!
Воената криза во Украина, се поочигледната поделба на континентот и санкциите за Русија од речиси сите европски земји го зема данокот. Поскапи горива, екстремно поскап природен гас од Русија, поскапа струја, зејтин од сончоглед нема ни за лек, а брашното и пченката со прехранбена конзумација имаат се повисоки цени.
Земјоделците се пред големи искушенија кај нас, во целиот регион, а и во цела Европа. Сите влади имаат судни маки да прават акробатски „скаламуции“ за да обезбедат некакви стимулации за земјоделците да продолжат да ги хранат своите нации, анализира Фактор.
Во Македонија земјоделското производство особено она на житарици станува тешко подносливо за земјоделците. Вештачките ѓубрива последнава сезона предизвикани од галопирачките цени на плинот (природниот гас) во нашата малопродажна мрежа поскапеа до 300 отсто. Ако една вреќа ѓубриво уреа се продавала за 600 денари на последната есенска сеидба достигна цена од 1.500 денари. Паралелно со тоа постојано расте и цената на нафтата која е неопходна на земјоделците. Пред претстојната пролетна сеидба во која во Македонија се сее само оризот од житните култури вештачкото ѓубриво сега се продава по цена од 30 евра за вреќа, а лани пред сеидбата беше околу 500 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мигрант се обиде да влезе во…
Млад мигрант од субсахарска Африка загинал во…
Вучиќ се закани дека ќе го смени…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…
Македонија повторно на грчката листата на држави…
Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата,…
ЦУК: Под контрола пожарот кај Крива Паланка,…
Вкупно 26 пожари на отворен простор се…
(Видео) Пожртвуваноста на прилепските пожарникари спаси црква…
Три пожари на стрништа и сува трева…