(Видео)Б’лгарчета граѓани од прв ред, Македонците протерани од полицијата – погледнете како началник на МВР ургира Бугарите да бидат пуштени на гробот на Делчев

t

Македонската полиција одлучи со демонстрација на сила да ги набрка Македонските граѓани кои сакаа да се поклонат на гробот на Гоце Делчев во црквата Св.Спас на скопското Кале, но затоа со еден телефонски повик Бугарите кои сакаа да влезат во дворот на црквата, беа пропуштени, а началникот на ПС Центар дури и организираше и обезебдување за Бугарите.

Срамна е сликата која се гледа од скопското Кале, имајќи во предвид дека утринава полиција за малку не натепа постар господин кој сакаше да влезе во црквата, а со силно полициско обезбедување ги растера и навивчаите од групата „Комити“ кои беа запрени уште на пат кон Св.Спас во близина на „Жабарот“, па оттаму со закани за апсење беа протерани кон центарот на градот.

Бугарите кои дојдоа во Скопје, се однесуваат како граѓани од прв ред, а Македонците од трет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРАБЕНА ФАБРИКА ЗА КАНАБИС ВО КАРБИНЦИ –…

Ограбена е фабрика за одгледување на канабис…

Посебен режим на сообраќај во недела во…

СВР Скопје ги известува граѓаните дека во…

(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…

Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…

Седум локации – МВР забрани да се…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

„Па нели јас манипулирав за одговорноста на…

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…