(Видео)Прес конференција на Марија Митева: Бифтеци, пршути, лосос… Што јаделе советниците од Град Скопје во предизборната кампања?

t

На партиска прес конференција, Марија Митева соопшти дека советниците на Град Скопје од претходниот состав, за време на локалните избори трошеле средства на градот за ручеци во ресторани.

“Почитувани,

Додека СДСМ блефира и манипулира со јавноста дека Македонија е најдобро рангирана според извештајот на Транспаренси интернешнал денес имаме нов доказ кој покажува зошто Македонија е повторно во групата земји со највисока перцепција за корупција во Европа.

Имено, на сметка на Градот Скопје за време на локалните избори советниците и припадници на противпожарната бригада се гоштевале по ресторани.

Се нарачувале бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони, специјална нарачка фрути ди маре во вредност од 8.600 денари.

Според наведеното во барањето за одобрување на средства за репрезентација лицето Владимир Симоновски, командант на противпожарната бригада навел дека репрезентациите се искористени за гости од странство за цитирам: “промоција на скалата- возило”.

Или ова би подразбирало прослава за „добрата“ зделка со противпожарната скала во вредност од 1,7 милиони евра. Да потсетиме дека на социјалните мрежи се ширеа гласини дека во кризните моменти кога Македонија ја зафатија пожари на одмор беше и командирот на скопската противпожарна бригад. Владимир Симоновски ова задоволство го чинело 29.400 денари, пари од буџетската каса, пари на сите скопјани.

Исто така претседателката на Совет на Град Скопје, Љубица Јанчева за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, од сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар.

Оттука сосема јасно е зошто Македонија се наоѓа на 87то место на извештајот на Транспаренси интернешнал.

Владата на СДСМ и на локално ниво изминативе 4 години беше дел од голем број скандали, сомнителни јавни набавки и тендери во 4 очи, коруптивни зделки и злоупотреба на јавната функција.

Последица на се ова е неефикасната администрација и партизираното судство што е нотирано во извештајот на Стејт Департментот.

Ова се причините за лошите извешти кои ги добива Македонија и со СДСМ на власт Македонија ќе продолжи да нижи неуспеси на секое поле.” – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…