(Видео)Трипуновски: Земјоделците се изрекетирани, неосновано се поништени два јавни повици минатата година

t

Поранешниот заменик министер за земјоделие, Цветан Трипуновски, во изјава за медиумите пренесе инфомации за јавни повици кои биле неосновано поништени минатата година.

“СДСМ и Љупчо Николовски преку Министерството за земјоделство ги рекетираат земјоделците. Од 4 јавни повици за доделување на земјоделско земјиште под закуп минатата година 2 се поништени без основ.

Околу 1500 земјоделци кои аплицирале на јавниот повик се оштетени директно со околу 300 евра по апликација, пари кои ги дале за изготвување на елаборати и друга потребна документација, а потоа без основ двата јавни повици се поништени. Тоа се околу 450.000 евра директна штета врз земјоделците.

Имено во Службен весник бр.9 од 14 јануари 2022 година, е објавено дека Министерството за земјоделство ги поништува јавните повици бр.01/21 и 04/21 за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари и тоа со решение за поништување бр 41-216/6 од 12.01.2022 година.
Притоа, решението НЕ Е ОБЈАВЕНО заедно со ова известување за да може да се види причината за поништувањето. Со необјавување на решението бесправно се одзема правото на приговор или жалба по донесеното решение.
Известувањето за поништување се објавува во огласниот дел на Службен весник, и притоа НЕ СЕ ОБЈАВУВА на веб страна на Министерството за земјоделство и на прашања на земјоделците до каде се јавните повици, упорно се молчи. Целта е преќутно да се помине ова без земјоделците да имаат право на жалба или тужба до соодветните институции.

Од друга страна на 25 ноември 2021 година имаше јавно отворање на понудите за јавен повик 01/21 и за секоја понуда јавно се кажуваа називот на понудувачот, висината на понудата и на парцелата на кој се однесува понудата. Поништувањето на повикот по јавно отворање каде секој можеше да ги слушне и запише горенаведените информации претставува само по себе преседан. На следно објавување на повикот сите кои што располагаат со овие информации од отворањето се во компаративна предност. Веќе точно ја знаат висината на понудата за секоја парцела и ќе знаат кој колку и каде има аплицирано.

Дали зад ова поништување се крие намерата земјиштето да се подели на луѓе блиски до СДСМ и им се остава простор да манипулираат со понудите при наредно објавување?

Напоменувам дека веќе два пати по истиве јавни повици се изложуваат земјоделците на високи трошоци за елаборати, документи од институции, нотарски заверки итн. Повторно на грбот на земјоделците се полни државната каса.

Комисијата што е одговорна за спроведување на овие јавни повици и нивните членови се дебело платени со паушали, не се ниту санкционирани, ниту ќе одговараат за злоупотребата, односно оштетувањето на земјоделците.

Затоа го повикувам Љупчо Николовски и СДСМ да го почитуваат законот и да не прават малверзации. Воедно нагласувам дека наскоро по промената на власта ќе има ревизија на сите јавни повици и огласи и за секоја неправилност ќе има соодветна санкција.” вели Трипуновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дали Мицкоски барал 15% рекет од…

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ,…

Задолжителното осигурување на посевите е нов удар…

Задолжителното осигурување на посевите е нов удар…

Георгиевски: И во време на криза СДСМ…

И во време на светска економска криза,…

Политиката против правдата – кој го штити…

Арафат Муареми, директорот на Финансовата полиција, се…