(Документи)Катиљ ферманот на Арафат Муареми – треба да дадеш 50.000 евра за директорот за да се смири ситуацијата!

t

– Овие лица, по негова наредба ме следат, а потврда на тој факт е и моментот кога седев во еден кафич во Скопје, на ден 21.04.2022 година, ми пријде лицето Љуљзим Јашар, кој ми се претстави дека е шеф на кабинетот на Директорот на финансиската полиција, кој ми беше познат кога беше во Општината со другите инспектори и кога ја прибавуваа документацијата за мојот објект, и кој ми рече дека треба да му дадам 50.000 евра на директорот на управата за да се смири целата ситуација. Јас одбив, и еве и понатаму сум под страшен притисок. – стои во последниот дел од кривичната пријава поднесена против директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми.

До Обвинителството гонење на организиран криминал и корупција, до Јавното обвинителство, Министерството за Финансии и Владата на Р.Македонија, денес е поднесена кривична пријава против Директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми, во која се обвинува дека барал рекет од 50.000 евра за да запре истражна постапка, која била отворена по примена „анонимна пријава“.

Впрочем, и истрагата која ОЈОГОКК ја започна за работата на Директорот на финансовата полиција, сомничи дека со фиктивни анонимки, директорот и неговиот најблизок соработник Љуљзим Јашари отворале истраги кои потоа ги користеле како алатка за изнудување на пари од бизнисмени, со образложение дека ако не платат, тогаш ќе имаат поголеми проблеми.

Голготата на дебарскиот бизнисмен започнала на почетокот на оваа година (2022) кога истиот добил позитивно решение за легализација на бесправно изграден објект во центарот на Дебар.

Како што стои во кривичната пријава, Директорот на Финансовата полиција вршел притисоци, упатувал закани и превземал службени дејствија надвор од овластувањата на финансовата полиција, со цел да предизвика поголем притисок врз бизнисменот, кој на крајот добил и понуда за рекет со цел неговиот предмет да биде затворен без последици.

Муареми и неговиот соработник, инспекторот Љуљзим Јашари, повеќе од два месеци претстојувле во општина Дебар каде одземале документи, без притоа да обезбедат судска наредба за истите.


Јашари дури и ја повикал на службен разговор Државната правобранителка надлежна за подрачјето на Струга и Дебар, на кој и се заканувал и ја малтретирал. За ова, Јашари доби и кривична пријава за извршено кривично дело „Малтретирање во вршење на службени дејствија“.

Во мај, дебарскиот бизнисмен добил и позитивно мислење од Министерството за транспорт и врски по претходно добиена жалба за укинување на решението за легализација, со што уште еднаш била потврдена легалноста на постапката и стекнатото право. Но, и покрај овој документ од Министерството за транспорт и врски, притисокот врз дебарскиот бизнисмен не престанал, за на крајот да добие и понуда, според кривичната пријава, за рекет од 50.000 евра кои требале да завршат во џебот на директорот на финансовата полиција по што истрагата требало да биде завршена.

Бизнисменот одбил, а притисоците продолжиле.

Кривичната пријава е поднесена до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, до Јавното обвинителство, Владата на Р.Македонија и Министерството за финансии кое е надлежно за назначување на директор на Финансовата полиција.

До овој момент, за коментар не беа достапни ниту од Владата, ниту пак од ОЈОГОКК.

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дали Мицкоски барал 15% рекет од…

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ,…

Политиката против правдата – кој го штити…

Арафат Муареми, директорот на Финансовата полиција, се…

Со “амин” од Врховен, Катица и Боки…

Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот…

Синот на Катица Јанева: Ќе дојде ден…

Синот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, адвокатот Лазар…