(Видео+фото) Протестен марш „Стоп за Усје“ – Институциите да ги штитат граѓаните, не профитот!

t

Нѐ обединува правото на слобода, а слободата започнува со воздухот што го дишеме. Институциите го штитат Усје, наместо да ги штитат граѓаните, истакна денеска активист на „Стоп за Усје“ во обраќање пред Владата на РМ за време на граѓанскиот протест против загадувањето.

– Го признаваат проблемот, но не нудат никакво решение, наместо да нѐ штитат нас, тие го штитат Усје. Сето тоа го прават за профит, бидејќи за нив, профитот е најголем приоритет. Луѓе, Скопје е наше, без нас нема да постои Скопје. Доста ни го земаат за да си остварат профит. Историјата покажува една работа, дека ниту еден народ кој стоел исправено и сплотен, не бил победен. Не парите, не функциите, не титулите, туку луѓето. Ни велат дека не зависи ништо од нас, дека се делиме по политика, вера, нација, но денес покажуваме дека има нешто што нѐ обединува, правото на слобода, а слободата почнува од воздухот што го дишеме, порача активистот пред Владата, по што следуваа извици „Стоп за Усје“ од насобраната толпа.

Дел од атмосферата погледнете во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Град Скопје не успеа да го…

Екипите на Град Скопје не успеаја во…

Културните работници на протест: „Љутков, колегите ќе…

Синдикатот на културата повторно организираше протест, овојпат…

СОНК демантира: Нема да се вклучиме на…

По денешната објава, превземена од социјалните мрежи,…

ССМ повикува на масовен протест на 1…

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати…

Кривични за демонстрантите кои сакаа да возат…

Битолската полиција поднесе кривична пријава против четири…