(Видео) Авиобазата Кучова во Албанија станува најголема база на НАТО во Европа

t

НАТО денеска ја започна реконструкцијата на албанската воздухопловна база Кучова, со цел да се приспособи за операции на Алијансата.

Реконструкцијата на базата ќе чини 45,8 милиони евра што вклучува обнова на пистите, патиштата и магацините, како и зголемување на интероперабилноста на НАТО и зајакнување на мисиите за рано предупредување над земјата. Реконструкцијата на базата се очекува да заврши во 2023 година, соопшти Министерството за одбрана на Албанија.

Базата во Кучова се наоѓа на 80 километри јужно од главниот град Тирана, а ќе и служи на Албанија за обезбедување на логистичка поддршка, полициски надзор, обука и вежби за поддршка на операциите за воздушно снабдување на НАТО.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека изборот на НАТО да го користи објектот како тактичка база го потврдува фактот дека малата Албанија сè уште додава вредност на Алијансата.

Воздухопловната база Кучова е изградена во 1950-тите кога Албанија беше близок соработник на Советскиот Сојуз. Албанскиот комунистички режим пропадна во 1990-тите. Кучова остана воена база иако авионите од руско и кинеско производство престанаа да летаат кон крајот на 1990-тите.

Албанија е членка на НАТО од 2009 година. Минатата година Албанија беше домаќин на мултинационалната воена вежба предводена од САД, Defender Europe 21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…

Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…

(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент

За време на денешната седница албанскиот парламент…

Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…