Објавено на:

(Видео) Австралиски пратеник му се извини на Ѓоковиќ – ова беше срам за Австралија

t

Австралискиот пратеник во сојузниот парламент Крејг Кели му се извини на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во името на Австралија и на австралискиот народ за срамот што го направија политичките власти во земјата.

Интересно Кели се извини со лајв-видео на Јутјуб, зашто ниту една австралиска телевизија не сакала да го пренесе неговото обраќање, а Кели директно ги посочи премиерите на сојузната држава Викторија, Ден Ендрјус и на федералната влада Скот Морисон како најодговорни што Австралија е посрамена.

Ѓоковиќ ја доби судската олука да остане во Австралија и да не биде депортиран, иако случајот не е завршен, поради дискрециското право на министерот за имиграција Хоук кој ѝ покрај судската пресуда може да донесе одлука за депортација. Такво нешто денеска не се случи и барем еден ден Ѓоковиќ е слободен, но може да се случи веќе утре или во следните денови.

„Му се извинувам на Ѓоковиќ за односот кон него од страна на владите на Викторија и Австралија, кои ги повикувам да му се извинат на најдобриот тенисер во светот. Тоа што се случи е срам за нашата земја и нација. Тоа е чиста локална политика и вина на премиерот на Викторија Ендрјус и премиерот на Австралија Морисон, рече Кели во своето обраќање.

Кели посочи дека двајцата премиери со одвратниот срам ја понижиле Австралија во светот.

„Обајцата се одговорни за овој одвратен срам што го предизвикаа. Тие не следат наука, не испитуваат докази, тие само играат политика. Тие ја посрамотија нашата нација во меѓународната политика. Австралиските политичари не ја кажуваат вистината, тие одбиваат да ја кажат вистината! Му се извинувам на Ѓоковиќ од името на Австралијците и австралискиот парламент! Му се извинувам на српскиот народ! Ова е срамота“, рече Кели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Каде е Западот да даде безусловна…

Изјавата од канцеларијата на генералниот секретар на…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Гутереш: Конфликтите ширум светот се „смртоносен гладен…

Животот на милиони луѓе зафатени од конфликти…

Јавно извинување од „Плусинфо“ до ЈСП Скопје

ЈСП Скопје упати допис до Редакцијата на…

Град Скопје ги реконструираше спортските игралишта на…

Годинава се реконструирани спортските игралишта на средните…