(Видео) Автомобил вози по пешачка патека на булеварот „Партизанска“ во Скопје
Граѓани од Општина Карпош до повеќе редакции испартија видео и нивна реакција со која укажуваат дека долж пешачка патека на Партизанска и на Рузвелтова се вози по тротоар, и тоа од автомобил од служба за обезбедување.
– По скорешните случувања со кревањето глас на јавноста за безбедноста во сообраќајот и по се што ни се случува последниве години со хаосот и узурпирањето на простор од несовесни возачи, ви испраќаме видео на кое се гледа како кола на обезбедувањето Перпетуум Мобиле вози на строго пешачката патека на Партизанска. Станува збор за патеката долж булеварот која е позади дрворедот и до која (скоро) е неможно да се стигне со кола.
Ова редовно, скоро секој ден, се случува пред казиното на раскрсницата на Партизанска со Рузвелтова, каде вработените од Перпетуум Мобиле си возат за да ја паркираат службената кола на раат, таму каде е целосно пешачка зона.
Со вакви и слични проблеми имаме одено во Полициска станица во Карпош, но само ни викаат дека се немоќни да постапат.
Се јавивме и неколку пати во Перпетуум Мобиле, рекоа дека ќе пренесат до одговорните, но нема никаква промена.
Искрено се надеваме дека ќе ни излезете во пресрет со објавување на овој проблем, и дека ќе успееме барем да ги засрамиме, велат граѓаните во писмото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…