Објавено на:

(Видео) Аеродромот во Каракас ја отвори пистата по разорниот земјотрес, повторно слетуваат авиони

t

Една писта на клучниот аеродром во главниот град на Венецуела, Каракас, кој беше оштетен во земјотресите, сега е оперативна.

Американски персонал помогна во поправката на аеродромот, соопшти денес висок функционер на Стејт департментот задолжен за странска помош, Џереми Левин.

Тој објави на платформата X дека една писта сега е оперативна на Меѓународниот аеродром „Симон Боливар“, како и дека Соединетите Американски Држави ќе ја преземат водечката улога во координацијата на операциите за воздушна мобилност со меѓународните партнери.

Податоците од Flightradar24 покажуваат дека денес на аеродромот „Симон Боливар“ слетале четири авиони со хуманитарна помош и спасувачки тимови.

Бројот на загинати во разорните земјотреси во Венецуела се зголеми на 1.430, а повредени се 3.238 лица, соопшти денес претседателот на Националното собрание на таа земја, Хорхе Родригез.

Бројот на исчезнати по земјотресите достигна повеќе од 55.000, објавено е на веб-страница за исчезнати лица.

Досега се пронајдени нешто помалку од 13.000 лица кои претходно биле пријавени како исчезнати.

Владата на Венецуела соопшти дека во земјата пристигнале 1.600 припадници на странски спасувачки тимови за да помогнат во потрагата по преживеани по земјотресите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Аеродромот во Каракас ја отвори пистата…

Една писта на клучниот аеродром во главниот…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за бугарските провокации и…

Филипче со месеци се обидува да ја…

(Видео) Германски пратеник: ЕУ ќе се распадне…

Пратеникот на германскиот Бундестаг, Максимилијан Крах од…

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на „Партизанска“…

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди…

Колони на „Богодорица“: Се чека и до…

Долги колони од вчера попладне има на…