(Видео) Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата
Интегрален текст од прес-конференцијата на Горан Николов, член на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за енергетика:
„Почитувани,
Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе и имавме доволно домашно производство немаше да купуваме енергија по 17 денари, за да ја продаваме 3,5 денари, туку ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена. Но наместо вистината, претседателот на РКЕ се слика и дава интервјуа за правдање на укинувањето на дневната евтина тарифа.
Неуспехот на СДСМ во менаџирањето на енергетските компании се сведе на грбот на народот. Зголемувањето од 9,84%, заедно со укинувањето на дневната евтина тарифа се само дел од колапсот што го предизвикаа неспособните кадри на СДСМ.
За жал и компаниите кои набавуваат на слободниот пазар не се во подобра позиција. СДСМ ги остави да тонат во долгови поради пропаѓање на снабдувачите и повисоките цени на берзите, под изговор дека се работи за облигациони односи.
Сакаме да ги потсетиме дека во услови на прогласена електроенергетска криза требаше да се помогне и на компаниите кои не се дел од регулираниот пазар. Но, за жал СДСМ отсекогаш сакала само евтини ПР кампањи и „бонбона“ бизниси. Затоа ја донесоа енергетиката до оваа состојба, за што народот уште долго време ќе чувствува последици.
Едно е јасно!
За да се спаси она што е останато, неопходни се промени. Потребни се предвремени избори, после кои на местото на оние кои ја уништија енергетиката, ќе дојдат стручни кадри предводени од ВМРО-ДПМНЕ кои знаат како да решаваат проблеми и да управуваат со енергетиката.
Колку побрзо се случи тоа, толку побрзо Македонија ќе ги реши енергетските проблеми.„
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…