(Видео) Акции за чистење на јавни површини и споменици, еко-предавања, едукација на граѓани: Директорката на ЈП “Комунална хигиена” даде отчет за работата на претпријатието

t

Директорката на ЈП “Комунална хигиена” Скопје, Косана Мазнева Николиќ на прес-конференција информираше за досегашните и идните активности на претпријатието.

– Во оваа прилика би сакала пред вас да ги презентирам активностите што јавното претпријатие “Комунална хигиена” Скопје ги реализираше во изминатиот период.

Имено екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје спроведоа акција за генерално чистење на централното градско подрачје, тоа е Плоштадот “Македонија”, кејот “13 Ноември”, Плоштадот “Филип Втори”, улицата “Македонија”, како и пешачките и сообраќајните мостови.

Акцијата се одвиваше во координација со Градот Скопје и останатите јавни градски претпријатија, а во нејзини рамки беше организирано рачно и машинско метење и миење на јавните и сообраќајните површини.

Воедно ЈП Комунална хигиена сприведе голем број активности за чистење на спомен обележја во градскиот парк, а беше извршено рачно и машинско мерење и миење на сите зонски паркиралипта како и просторот во Клиничкиот центар “Мајка Тереза” и парк шумата “Водно”.

Екипите на ЈП Комунална хигиена реализираа и активности за рачно миење на сите садови за одлагање на отпадот лоцирани на територијата на Градот Скопје како и машинско миење на микролокациите каде што се поставени садовите, објасни директорката.

Мазнева Николиќ додаде дека во насока на подгање на свеста на граѓаните се организираат еко предавања и работилници во училиштата.

– Претпријатието започна со еко предавања и работилници во сите основни и средни училишта, како и во предучилишните установи со цел подигнување на свеста на граѓаните за правилно селектирање на отпадот. Во текот на изминатиот месец извршени се засилени контроли на територијата на град Скопје, при што констатиравме бројни неправилности и прекршувања на Законот за јавна чистота преку одлагање на отпад на јавни површини од страна на физички и правни субјекти.

Овдека сакам исклучително да ја потенцирам важноста дека граѓаните мора да бидат свесни дека ваквото постапување со отпадот резултира со создавање на диви депонии и директно ја загадува животната средина и негативно влијае врз човековото здравје.

ЈП Комунална хигиена Скопје нема ингеренции да ги санкционира сите оние прекршители на Законот за јавна чистота, но она што е добро и е во наша надлежност е граѓаните да ги информираме и да ги едуцираме како правилно треба да постапуваат со овој тип на отпад.

За таа цел и за таа намена ние направивме еден куп на акции во последниот период во општината Ѓорче Петров каде што нашите вработени на терен ги информираа граѓаните како правилно треба да го собираат комуналниот отпад. Сакам да ви напоменма дека на граѓаните кои имаат потреба да се ослободат од својот стар мебел и неупотребливите електрични уреди, ЈП Комунална хигиена Скопје продолжува да им ја нуди можноста овој тип на отпад без плаќање на никаков надоместок да го одложи во центрите за селекција во нашите трансфер центри од кои што еден се наоѓа во општиата Сарај веднаш зад бензинската “Макпетрол” или евентуално во “Вардариште” секој работен ден во периодот од 9 до 19 часот.

Воедно може да се јавите и на бесплатниот телефонски број 0800 222 33 каде што граѓаните може да ја нарачаат оваа услуга околу превземањето и транспортот на кабастиот отпад.

Исто така во рамките на акциите за генерално чистење на општините што сезонски ги спроведуваме во координација со Градот Скопје, редовно низ општините поставуваме и садови кои се наменети за одлагање на кабаст отпад, каде што граѓаните можат да ја одложат својата стара покуќнина и електричниот отпад.

Во претстојниот период ќе продолжиоме со нашите стандардни активности з атранспортирање и собирање на комуналниот отпад во сите скопски општини што се реализира седум пати во текот на неделата, 24 часа се нашите екипи на терен и работат во три смени.

Секако интензивно ќе се подготвуваме за активностите на зимската служба во координација со Градот Скопје и останатите ЈП, рече директорката.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини…

Како што информираат од претпријатието ЈП Комунална…