Објавено на:

(Видео) Алексовска ја совлада Гркинката Хаѕопулу на ФНЦ спектаклот во Скопје

t

Македонската ММА борачка Даниела Алексовска забележа голема победа на настанот ФНЦ 34 во Скопје, откако со прекин во третата рунда ја совлада грчката противничка Мина Хаѕопулу во салата „Борис Трајковски“.

Алексовска покажа квалитет и борбеност пред домашната публика, а решавачкиот момент дојде по акција во партер, кога македонската борка ја собори противничката и продолжи со серија удари. По интервенцијата на судијата, борбата беше прекината, а победата ѝ припадна на домашната натпреварувачка.

За Алексовска ова е уште еден значаен успех во кариерата, во која веќе има забележителни резултати на меѓународната сцена. Таа освои бронзен медал на Светското ММА првенство во Тбилиси во 2025 година, а претходно стигна и до полуфиналето на светскиот шампионат во Ташкент во 2024 година.

Нејзините резултати беа препознаени и во Македонија, каде што беше прогласена за Млада спортистка на годината за 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Алексовска ја совлада Гркинката Хаѕопулу на…

Македонската ММА борачка Даниела Алексовска забележа голема…

Израелската војска исели околу 1.200 Палестинци од…

Израелската армија принуди околу 1.200 Палестинци да…

Багдад се сомнева дека Израел погодил складишта…

Ирачките власти истражуваат сомневања дека Израел извршил…

ЕЛЕКТРОНСКА ВОЈНА НАД ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ: Масовно попречување…

Сериозни нарушувања на сателитската навигација се пријавуваат…

(Видео) Зошто Филипче јавно излажа за својот…

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој во…