Објавено на:

(Видео) Американски сенатор даде збор дека ќе го смести Фаучи во затвop

t

Сенаторот Ренд Пол вети дека лично ќе го гони Ентони Фаучи и ќе го изведе пред лицето на правдата поради повторените лаги под заклетва во однос на неговата вклученост во истражувањето за добивање на функција во лабараторијата за вирологија во Вухан.

За време на неодамнешното интервју со неговиот татко, поранешниот конгресмен Рон Пол, сенаторот рече дека ако победат републиканците и тој повторно биде избран, „Јас ќе бидам претседател на комисија во Сенатот. Ќе ја искорситам својата моќ да ги објавиме сите записи“.

„Во моментов ни испраќаат записи. Ако прашаме сега се прикрива од каде потекнува вирусот, се прикрива неговото потекло од лабораторијата, тие сето тоа го кријат“, продолжи Пол, мислејќи на демократите на власт.

„Тие ги редактираат сите информации и ни испраќаат празно парче хартија и нема да ни ги објават нивните разговори“, вели сенаторот понатаму, додавајќи дека ако власта се врати кај републиканците, „ќе дојдеме до коренот на сè. .“

Пол предвиде дека ако тоа се случи, Фаучи веднаш ќе се пензионира и дека тоа ќе биде „најдоброто нешто за земјата, бидејќи тој е многу штетен“.

„Сите овие сини државни гувернери го слушаат и мислат дека е наука да се затвори ресторан во 10 часот навечер или да се каже дека мораме да имаме 25 отсто од гостите“, објасни сенаторот, додавајќи „Нема докази дека на било кој начин ова го ублажува ширењето на вирусот, ниту една од мерките и сертификатите воопшто ја сменија траекторијата на вирусот“.

Ако републиканците навистина го освојат Сенатот, Пол најверојатно ќе биде фаворит за да го преземе местото претседател на Комитетот за здравство, образование, труд и пензии (HELP).

За време на интервјуто, Пол предупреди дека илјадници Американци умираат од КОВИД секој месец затоа што Фаучи е опседнат со вакцини наместо терапевтски третмани кои се ефикасни во лекувањето на вирусот.

Ова е целата нивна кавга во американскиот Сенат!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вулин даде заклетва како сенатор во Република…

Денеска на Денот на Република Српска во…

Илон Маск го прозва Бајден поради американски…

Тоа е „сериозен проблем“ доколку Гонзало Лира…

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИМ ПРИРЕДИЛЕ ПЕКОЛ – осомничените ги…

Таткото и останатите осомничени за киднапирањето и…

Во Битола приведена скопјанка барана со шест…

Денеска (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници…

(Фото) Американските сенатори се засолнија од ракетен…

Водачот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак…